Три децении традиција и квалитет…
Нашата приказна започна пред повеќе од 30 години, како визија која ја преточивме во реалност меѓу првите во нашата земја. Низ годините се соочивме со бројни предизвици, но благодарение на нашата истрајност, амбиција и напорна работа, изградивме име кое е синоним за доверба.
Тим од посветени професионалци, фокусирани од кон квалитет и доверба од страна на нашите купувачи и соработници.
Низ нашата историја, тимот варирал и се прилагодувал на потребите на пазарот, достигнувајќи и до 32 вработени, но нашето јадро секогаш останало исто — стремеж кон совршенство. Соработуваме со бројни партнерски фирми ширум Европа, УСА и Кина, што ни овозможува да понудиме врвна услуга.
Редовно ги следиме светските трендови преку учество на саеми, семинари и конференции. Одиме во чекор со иновациите за да им го понудиме најдоброто на нашите клиенти, кои се секогаш во центарот на нашето внимание.