SANY Excavators

SANY успешно се претстави на Bauma Shanghai 2018, најголемиот саем за рударска и градежна механизација во Азија. На саемот SANY се представи со повеќе новитети во своето производство меѓу кои најзначајни беа промоцијата на работењето на багери SANY без ракувач-оператор, раководено од софтвер за управување и геометричко снимање на теренот и промоцијата на најновиот хидрауличен багер за рударство моделот SY950H.

Во рамките на саемската манифестација SANY организираше “Excavator Overseas Agents Summit” – самит за меѓународна продажба на багери на кој присуствуваа претставници на SANY од целиот свет.