Мак-Дизел потпиша договор за регионален дистрибутер на SANY

Мак-Дизел пристапи кон потпишување на договор за регионален дистрибутер на SANY хидрауличните багери на саемот Bauma во Shanghai.

Договорот во има на SANY Heavy Machinery Co. го потпиша г-динот Yu Hongfu и сопственикот на Мак-Дизел г-динот Игор Колевски. На церемонијата присуствуваа сите SANY регионални претставници од Европа заедно со директорот на продажба на SANY Europe GMBH г-динот Ronald Ziegler и повеќе претставници од компанијата.